Се мажи пејачката Марија Груевска, една од омилените ѕвезди во „Гранд“
Објавено на 17 декември, 2021 во 14:46
Пејачката Марија Груевска, која стана позната по учеството во „Ѕвездите на Гранд“ на својот фејсбук профил објави дека се свршила со својот дечко Синиша со кого е во долга врска.
„Кажав ДА“ пишува во постот на Марија.
Под објавата се нижеа честитки од нејзините фејсбук пријатели.
Инаку младата битолчанка Марија, претходната година, стигна до финалето во „Ѕвездите на Гранд“. За време на ова музичко шоу таа постојано се појавуваше во оргинални изданија со модни комбинации.