Шест години подоцна: Бритни Спирс почнува да работи на нова музика

Објавено на 22 март, 2022 во 14:55

Армијата обожаватели на Бритни Спирс  може да се „превртува“ од радост. Пејачката наводно работи на нова музика по шестгодишна пауза, по објавувањето на нејзиниот последен албум „Glory“ во 2016 година.

Иако 40-годишната поп-ѕвезда „не врши никаков притисок врз себе да издаде албум веднаш или нешто друго, нејзиниот тим почнува да ги „разгледува“ перспективите за нова музика“, изјави извор за „The Sun“.

-Контактирани се неколку луѓе со кои таа се чувствува пријатно да работи и беа прашани дали би сакале повторно да работат со Бритни и изгледа дека сите сакаат да бидат вклучени“, вели изворот.

-Таа помина низ неколку неверојатно тешки години, но длабоко во себе сака да прави музика и да настапува, така што да создава нова музика може да ѝ помогне да сврти нов лист“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.