Валери Димовска е дисквалификувана од „Ѕвездите на Гранд“: Итна одлука на продукцијата
Објавено на 8 февруари, 2022 во 10:32

Македонската пејачка Валери Димовска е дисквалификувана од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Таа ја потврдила оваа информација за српските медиуми и открила дека продукцијата ја исфрлила од натпреварувањето бидејќи не се појавила на снимањето на емисијата поради здравствени причини.
„Бев болна кога се снимаа емисиите од третиот круг и поради тоа сум дисквалификувана. Не можев да се појавам на снимањето. Но, догодина ќе се пријавам пак“, изјавила Валери.
Нејзин ментор во „Ѕвездите на Гранд“ беше рок-музичарот Ѓорѓе Давид.
