Вереникот на Ријана за првпат зборуваше за синот
Раперот АСАП Роки и пејачката Ријана неодамна станаа родители на момче.
Тие се уште не го откриле името на нивниот наследник, а сега раперот проговори за тоа како е да се биде татко и нагласи дека би сакал неговото дете да биде „кул и слободоумно како неговите родители и никогаш да не дискриминира“.
„Секогаш ќе го потсетувам моето дете да фантазира, дури и кога ќе порасне, без разлика на се. Лично, обожавам да гледам цртани“, изјави тој за „Деманд“.
„За никого не би рекол дека е светец, но реално, само нека биде кул и нека има кул родители“, додаде АСАП Роки.
Минатата недела извор близок на парот откри како тие двајца се снаоѓаат со бебето.
„Секако дека треба да се навикнат, но навистина добро им оди. Бебето е здраво, а Ријана е фасцинирана од него. Генерално, бременоста ја правеше среќна, а кога го виде синот, се разбира, тоа беше неверојатен момент“, изјави изворот за People и коментираше дали Ријана планира да се врати на сцената наскоро по породувањето.
„Таа ужива во улогата на мајка, тоа е нејзиниот приоритет сега. Речиси целото време го поминува со бебето. Но, Ријана како Ријана, прави се тогаш и онака како што сака. Сега е време за бебето“, заклучил изворот.