Марс со услови за одгледување на овошје и зеленчук?!

Објавено: 22 април, 2014, во 06:04 часот

Холандскиот истражувач Вајгер Вамелинк објавил дека претпоставува оти за десет години на Марс ќе се одгледува овошје и зеленчук!

Тој завршил со експеримент, кој траел 50 дена, на така наречена копија на Марс, која се наоѓа во близина на хавајските вулкани, создавајки климатски и други услови слични на оние кои ги има на Марс.

Вамелинк открил дека 14 видови на билки, кои ги засадил, се зафатиле и започнале да растат, а некои и процветале.

Завршната фаза на експериментот ќе се случи на Марс, каде во иднина како што се верува, ќе замине експедиција . Мисијата на Марс ја најави и НАСА и приватни компании, кои спроведоа аудиција за избор на патници.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.