Австралијците не се плашат од ајкула

Објавено: 22 април, 2014, во 07:44 часот

Ова го покажало најновото истражување иако нивната земја, според бројот на напади од морските песови,  е високо рангирана на глобалната табела.

Истражувањето било спроведено на група од 583 испитаници поточно посетители на аквариумот во Сиднеј. Дури 77 отсто не покажале дека се плашат или умерено се плашат од ајкули, пренесе Ројтерс.

По повод агресивната кампања за намалување на бројот на агресивни ајкули долж австралиското крајбрежје околу 87 отсто од испитаниците изјавиле дека ни не треба да ги убиваат и покрај опасноста од нив.

Дури 69 отсто рекле дека е потребна едукација како начин за спречување на опасноста што ја предизвикуваат и тоа како најдобра работа за да се спречи.

Околу 18 отсто од испитаниците сметаат дека ајкулите едноставно треба да се остават намира.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.