„Нотр Дам“ ќе се отвори пред Олимпијадата во Франција
Објавено на 1 август, 2022 во 10:42

Катедралата Нотр Дам во Париз е на пат повторно да се отвори за верниците и јавноста во 2024 година. Фазата на чистење на проектот за реставрација е завршена, што ќе овозможи реставраторските работи да започнат кон крајот на летото.
Нотр Дам е затворен за реставрација бидејќи пожарот во 2019 година ги уништи покривот и кулата.
По пожарот што избувна во април 2019 година, францускиот претседател Емануел Макрон рече дека катедралата од 12 век ќе биде обновена, а подоцна вети дека повторно ќе биде отворена за верниците до 2024 година, кога Франција ќе биде домаќин на Олимпијадата.
