Дали е штетно да се јаде замрзнато овошје и зеленчук?
Објавено на 26 мај, 2021 во 11:44
Општо е познато дека исхраната богата со овошје и зеленчук го намалува крвниот притисок, го намалува ризикот од срцеви заболувања и нивото на холестерол во крвта.
Унивезитетот во Џорџија спровел истражување на тема замрзната храна. Тие всушност мериле хранлива вредност на зеленчукот во сите три фази, свежо, кога стои во фриждер пет дена и како е замрзнато.
Студијата покажала дека нутритивната вредност на зеленчукот во сите три фази е скоро еднаква. Според тоа, витамините и минералите не исчезнуваат од зеленчукот кога тоа ќе се заледи.
Овошјето и зеленчукот треба да ги конзумирате во две форми. Јадете сезонско овошје и зеленчук. Всушност е најдобро во вашата исрхана да направите комбинација од свеж и замрзнат зеленчук.