Дневен хороскоп за 06. јули
Овен
Се наоѓате во необична деловна ситуација. Многу од прашањата што ги имате засега остануваат незадоволително одговорени. Без нови информации, не можете да продолжите во вистинската насока. Не дозволувајте сомнежот кон вашата сакана или лошото расположение да преовладува во вас. Потребна ви е позитивна ориентација.
Бик
Важно е да имате доволно трпение за да ги исполните ветувањата. Време е да се зафатите со решавање на задачите без дополнителни одолговлекувања. Многу луѓе чекаат на вас. Можно е во наредниот период да се дистанцирате со саканата личност. Чувствувате дека вашиот однос од ден на ден се оладува. Преземете нешто.
Близнаци
Не сте сигурни на кого можете да се потпрете во деловното опкружување. Размислувате за промена на условите за деловната соработка. Искористете го авторитетот во одлучувачки момент. Во љубовта компромисот е секогаш најдобри решение. Избегнувајте интригантни ситуации кои ве вознемируваат.
Рак
Размислувате дали вреди да се борите за подобра позиција на професионално поле. Некој се обидува да го промени вашето мислење, но вие имате свои цели и не остапувате од плановите што сте ги започнале. Партнерот знае да ве расположи со своите идеи. Ќе имате повод за заедничка среќа и задоволство.
Лав
Чувствувате мала стагнација на професионално поле. Треба да ангажирате сигурни соработници за да ги постигнете заедничките цели. Бидете подискретни во средбите со луѓе кои ви значат и внимателно проценете ги вашите опции пред да ја поттикнете „љубовната искра“.
Девица
Доколку не сте подготвени да се посветите на работата, ќе се соочите со одредени последици. Не може сите работи да ви одат од рака. Имате добро претчувство, на партнерот му делувате неодоливо. Денеска ќе знаете да заблескате во полн сјај. Искористете го слободното време за одмор и релаксација.
Вага
Не грижете се премногу за туѓите проблеми и работни места. Важно е да се фокусирате на сопствените приоритети. Обидете се да бидете искрени со саканата личност и да изградите врска во која ќе имате голема доверба. Застанете за момент и размислете за сè.
Скорпија
Нема потреба да давате официјални ветувања, особено ако некој упорно ве поттикнува да направите отстапка на работа. Подобро е да го задржите тоа што го имате отколку да се водите по нешто што е само убаво за око. Потребна ви е рекреацијата, како рецепт за добро расположение.
Стрелец
Пред вас е период во кој ќе имате помалку компликации на полето на работата. Важно е да го задржите вашиот позитивен начин на размислување. Во љубовта време е да покренете иницијатива за некаква промена. Почестете се со некои ситници или испланирајте мала забава без повод.
Јарец
Избегнувате деловни клишеа и стереотипно однесување. Имате поинтересни идеи од решенијата што ви ги нудат колегите. Треба да се придржувате до докажаните стандарди. Обрнете внимание на личноста која одговара на вашето емоционално расположение и сензибилитет. Ви претстои позитивен ден.
Водолија
Во наредниот период ќе ги постигнете целите и ќе бидете многу позадоволни од деловната ситуација. Премногу темпераментно реагирате во ситуации кога треба да покажете дипломатски манири. Обидете се да постигнете компромис со саканата личност ако сакате вашата врска да потрае.
Риби
Постојано сте напнати и вашата напнатост ја пренесувате на соработниците. Пред вас е период во кој ќе мора да го испланирате вашиот следен деловен чекор. Подготвени сте да ги покажете своите намери на саканата личност. Заедно правите планови за иднината и сте возбудени поради тоа.