Дневен хороскоп за 12. октомври
Овен
Нема да ви недостасуваат забавни и пријатни моменти. Вешто ќе ги отстраните пречките во комуникацијата со блиските или ќе го подобрите квалитетот на односот. Домашните ќе уживаат во вашата поддршка, но и ќе ви ја возвратат. Младите ќе „заглават“ во добро друштво, па ќе се вратат дома дури во утринските часови. Може да добиете подарок или пари од некого.
Бик
Денот е создаден за сериозни разговори со роднини, родители или деца. Разговарајте за тоа што ве мачи вас или некој од нив. Ако сте сами, ќе имате среќа во освојувањето – преземете акција и охрабрете ја другата страна со јасни љубовни знаци. Ако сте во брак, ќе ве радуваат заедничките работи и новите инвестиции, особено уредувањето на просторот за живеење.
Близнаци
Непотребно ќе предизвикате некои расправии па би било добро да се воздржите. Мора што е можно повеќе да ги чувате нервите. Ќе ги анализирате досегашните настани и сè ќе доживувате премногу чувствително. Ако мора да промените нешто за да се чувствувате подобро, направете го тоа што е можно поскоро. Можна е средба со личност која ќе ви биде физички привлечна или средба со поранешна љубов.
Рак
Дружењето и излегувањето со пријателите ви даваат можност подобро да ја запознаете личноста што ви се допаѓа. Предложете ѝ да излезете! Ако сте во брак, партнерот ќе биде фокусиран на домот и семејството, особено ако е жена. Развеселете ја со тоа што ќе ја поканите во кино или вечера, покренете ја од местото затоа што дефинитивно ѝ треба промена.
Лав
Ќе бидете склони кон радикални решенија. Смирете ги страстите и не донесувајте одлуки кои би можеле да ја повредат саканата личност, а вас да ве изложат на дополнителен стрес. Личност која е авторитет во вашето семејство и од која на некој начин зависите, ќе биде извор на вашето незадоволство. Ако ништо друго не функционира, можеби е крајно време да се обидете да се осамостоите.
Девица
Најмногу успех ќе имате во интелектуалните активности. Затоа, посветете дел од денот на учење или подготовка за претстојните испити. Ќе им бидете многу симпатични на луѓето, најмногу поради вашиот спонтан настап. Можни се контакти со странско, особено ако се работи за роднина или партнер кој е на пат и чие враќање со нетрпение го чекате.
Вага
Ќе имате разговори за пари. Ќе мора да ги усогласите финансиските ставови со партнерите и да се договорите за заедничките трошоци. Само внимавајте да не се скарате! Ќе ви стане појасно што сакате од љубовта, врската и личноста која е во центарот на вашите интереси. Емоционалните надежи и планови би можеле да бидат поврзани со личноста со која работите.
Скорпија
Вашата пристапност и спонтаност ќе привлечат наметливи луѓе кои ќе ви го одземат слободното време. На некои отворено ќе им кажете дека ви одат на нерви. Ќе бидете расеани и заборавни, затоа внимавајте каде ги ставате работите. Телефонот ќе ви ѕвони во најнезгодното време, а ако сте зад воланот, вниманието ќе ви го одвлекуваат честите повици на вашиот мобилен телефон.
Стрелец
Денот ќе го поминете работејќи. Без разлика дали сте на работа или дома, секогаш ќе најдете работа за вас. Потребата за пријатна и убава околина ќе ве поттикне темелно да го исчистите станот или да го преместите мебелот за да внесете промена. Помладите ќе бидат склони да експериментираат со шминката и облеката и да уживаат во тоа.
Јарец
Денот ќе биде особено убав за вљубените. Ќе се радувате на вечерно излегување со партнерот, а слободните ќе настојуваат да се доближат до својата симпатија. Некои би можеле да стапат во врска токму денес. Останатите Јарци нема да бидат расположени за домашни работи и други обврски, па со задоволство ќе ги угостуваат пријателите и ќе ги раскажуваат најновите настани од нивниот живот.
Водолија
Планетите ве поттикнуваат да се однесувате одмазднички кон луѓето кои во нешто ве попречуваат. Без разлика дали се работи за вашиот шеф, вашиот партнер или родител, нема да штедите на критиките. Нема да можете да ги избегнете домашните, родителските и роднинските обврски. Иако ќе барате свое катче каде што би можеле да се препуштите на омилените активности, тоа нема да ви појде од рака.
Риби
Денот ќе го поминете содржински, со многу возбудувања и со различни искуства. Од рано наутро ќе бидете посебно расположени; ќе правите планови за дружење со пријателите и вечерно излегување. Вашата искреност ќе биде заслужна за поволниот пресврт на ситуациите кои тргнале низбрдо – некој ваш близок ќе сфати дека сте биле во право за една работа.