Дневен хороскоп за 13. јули
Овен
Kонсултираjте се со вашите соработници или претпоставени пред да донесете конечна одлука. Не можете да смислите решение сами. Изгледате расположени за нови емотивни предизвици. Вашиот партнер го прифаќа вашето охрабрување со ентузијазам. Ќе се чувствувате добро.
Бик
Важно е да ја подобрите вашата позиција помеѓу некои влијателни соработници. Средбата или дискусијата со една личност станува неизбежна како повод за остар деловен дијалог. Ако имате впечаток дека некои работи се случуваат надвор од вашето знаење или дека некој близок користи лажни изговори, не избрзувајте со реакција.
Близнаци
Потребна ви е поголема храброст во проекти поврзани со надворешни соработници. Понекогаш мора да пресечете и да донесете одлука. Искрено изразете ги своите чувства пред саканата личност. Потрудете се да ги усогласите вашите меѓусебни желби и потреби. Денеска е идеален ден за правење планови.
Рак
Некој го критикува вашиот начин на работа и се обидува да ве претстави во негативно светло пред вашите соработници. Повнимателно анализирајте ги луѓето од вашето деловно опкружување и нивните реакции. На партнерот му делувате таинствено, а еуфоричното поттикнува нови сомнежи.
Лав
Нечии зборови ви изгледаат премногу провокативно, но на вас останува да ги контролирате чувствата. Важно е да се дистанцирате од различни ситуации или соработници кои лошо влијаат на вашата ментална рамнотежа и концентрација. Секогаш постои друга страна на вистината. Некој се обидува да ви го каже токму тоа.
Девица
Не треба да ве оптоваруваат нечии коментари за пропуштена можност. Моменталната загуба е добар поттик да ги реализирате вашите намери и да усвоите нова лекција за деловно однесување. Вашиот партнер точно знае што сака да постигне. Блиска личност не ви дозволува да користите нови изговори за да ги одложите заедничките планови.
Вага
Збунети сте од одговорите што ги добивате од колегите. Секој има своја верзија на приказната или лични интереси што ги доведува во заедничка корист. Се повеќе почнува да ви пречи нечие присуство или однесување. Сакате партнерот да го држите под контрола, но не ви успева. Избегнувајте стресни и напорни ситуации.
Скорпија
Нема причина да очекуваме некој да се покае за своите деловни одлуки. Се наоѓате во голема дилема, но ќе мора да донесете одлука. Секој може да погреши, но, од сè може да се извлече поука. Бидете внимателни со изборот на зборови пред вашата сакана личност. Останете доследни во своите намери и покажете колку ви е важно нејзиното присуство.
Стрелец
Секој од вашите соработници сака да ја постигне најдобрата можна позиција која гарантира деловен престиж или одредени привилегии. На вашиот партнер му делувате премногу пребирливо или нерасположени… Се чувствувате како на крајот сепак да не го добивате она што го сакате. Анализирајте ги вашите неуспеси, но и желби.
Јарец
Нема потреба да давате избрзани изјави на средбите со колегите, особено кога чувствувате дека некој се обидува да ве извади од такт. Подобро е да го задржите за себе она што сакате да го кажете. Чувствувате нелагодност. Партнерот нема доволно слух за вашите објаснувања и изговори. Бидете трпеливи.
Водолија
Имате добри деловни идеи и предлагате корисни решенија, но еден од вашите соработници не се согласува со вас. Не навлегувајте во големи дискусии, ќе има подобри денови за тоа. Не дозволувајте некој ве користи емотивно. Потребни ви се подобри критериуми при изборот на блиско друштво.
Риби
Не треба да ја доведувате во прашање наклонетоста на веќе докажаните соработници, особено на личноста со која имате деловни и приватни интереси. Некој ви испраќа љубовни сигнали и директно ви дава до знаење што мисли или чувствува, а тоа кај вас поттикнува оптимизам и добра волја.