Дневен хороскоп за 14. јули
Овен
Денес е ваш ден. Ги имате сите шанси за успех доколку добро испланирате сè. За сè што правите ве очекуваат пофалби и признанија, затоа потрудете се и завршете ги работите што вашите претпоставени ги очекуваат од вас. Мистериозно се насмевнувате и чувствувате пеперутки во стомакот. На повидок се моменти на уживање. Ќе се чувствувате добро.
Бик
Сакате да го импресионирате вашиот тим или претпоставените. Не бидете себични во процесот. Не реагирајте брзо и не кажувајте го на сите своето мислење. Добро сте расположени и мотивирани, па време е за малку повеќе уживате со партнерот. Ако не сте во врска, препуштете се на флерт со некој што ви се допаѓа.
Близнаци
Одлучно ги браните вашите бизнис идеи и стоите на својот став. Најважно е вашите потези да бидат прецизни, но морате да бидете одговорни и да размислувате за последиците. Поштедете го вашиот партнер од непотребни тестови. Не очекувајте премногу. Доколку треба да се донесе некаква одлука, направете компромис за одлуката да биде взаемна.
Рак
Некој на работа ќе даде важен предлог што треба да го послушате. Бидете повнимателни во деловните одлуки. Претерувањето не носи ништо добро. Избегнувајте некој што ве прави нервозни и има нереални очекувања. Денес не е ден за нервоза и не дозволувајте некој да ви го расипе расположението.
Лав
Во деловните односи морате да бидете објективни. Разгледајте ги сите основни фактори поврзани со финансиски прашања и постапете според стандардната процедура. Можно е премногу да се грижите за деталите, што може да доведе до проблеми. Изгледате нервозно, а партнерот го забележува тоа. Поправете ја ситуацијата со искрен разговор.
Девица
Нестрпливи сте за напредок и докажување, но се чини дека луѓето околу вас не ве разбираат. Бидете малку пореални и запомнете дека за сè е потребно време. Нешто се обидувате да скриете. Можни се помали љубовни компликации, затоа бидете подготвени и отворено кажете му на партнерот што ве мачи.
Вага
Имате „кец во ракав“. На колегите им се допаѓаат вашите ставови и идеи. Наведете го вашиот прецизен став за потфат кој ќе биде многу важен и кој бара вклучување на повеќе луѓе. Планирате многу работи со саканата личност, но реализацијата сè уште не е на повидок. Барате нови изговори за одложување, но партнерот ќе ви се спротивстави.
Скорпија
Бидете подготвени за промени. Моменталната ситуација на работа ќе ги одведе работите во поинаков правец од првично планираниот. Бидете внимателни. Обрнете внимание на она што го кажувате. Може да направите голема грешка која подоцна ќе биде тешко да се поправи. Понекогаш е најдобро да молчите што се случува во вашата глава.
Стрелец
Инсистирате на вашето гледиште за ситуацијата на работното место и тврдоглаво ја браните својата позиција. Кажете сè што ви тежи на душа, никој нема да ве осуди. На емотивен план треба да бидете поопуштени и да му дадете поголемо разбирање на партнерот. Потрудете се повторно да го шармирате партнерот.
Јарец
Ги истакнувате вашите планови, но обидете се да не ги наметнувате вашите ставови. Слушнете го предлогот на вашиот колега или претпоставен бидејќи тоа ќе ви овозможи подоцна полесно да си ја завршите работата. Денес може да дојде до расправија со партнерот. Не инсистирајте премногу. Треба да користите помирна стратегија.
Водолија
Ве очекуваат ненадејни промени на работното место и тешко ќе ја завршите успешно започнатата задача. Побарајте алтернатива. Преземањето ризик во случајна врска веројатно ќе резултира со лош исход, затоа бидете внимателни. Вљубените можат да уживаат во излегувањето со партнерот. Ќе се чувствувате добро.
Риби
Мислите дека знате повеќе од сите и тоа се покажува во вашиот став. Сакате да имате поголемо влијание врз одлучувањето и да ги промените моменталните услови на работа. Не влегувајте во непотребни расправии и сфатете дека не може секој да размислува како вас. Не барајте премногу од партнерот.