Меган Фокс на промоција во фустан со длабоко деколте посипан со Сваровски кристали (фото)
Меган Фокс (35) вчера прошета на црвениот тепих со својот вереник Машин Ган Кели (31), а поводот беше промоцијата на нивниот филм „Добро утро“.
Парот повторно привлече големо внимание со својот изглед, но и со своето однесување. Имено, Меган за оваа пригода облекла розов фустан без прерамки и со длабоко деколте. Таа го затегна своето волшебно тело во материјал кој бил посипан со кристали Сваровски.
Меѓутоа, Меган цела ноќ го држеше за рака нејзиниот вереник Машин Ган Кели, кој беше облечен во сатенски црвен костум со светло црвени рози.
Покрај тоа што се многу внимателни за модата, парот е познат и по тоа што ја покажува љубовта во јавноста. Сепак, во последните две појавувања беше јасно дека Меган е нерасположена, додека нејзиниот вереник збунето се насмевнува обидувајќи се да покаже дека се е во ред.