Момче се обидело да направи селфи и паднало во кратерот на Везув (фото)

Објавено на 13 јули, 2022 во 13:24

Американски турист (23) од Балтимор преживеал пад во кратерот Везув откако се обидел да се фотографира.

Како што изјавија од полицијата во Неапол за локалните медиуми, еден турист заедно со неговото семејство стигнал до врвот на Везув во текот на викендот по забранета патека, а кога стигнале до врвот на вулканот познат по уништувањето на римскиот град Помпеја, момчето по име Филип Керол посегнал по својот телефон за да направи селфи на врвот на вулкан висок 1.218 метри.

Кога телефонот му паднал во кратерот, Филип се свртел и паднал.

„Утринава, од причини кои допрва треба да се утврдат, турист заедно со семејството тргна по забранета патека, стигна до работ на кратерот и падна во Везув“, изјави Џенаро Ламета, владин претставник.

Паоло Капели рече дека тим водичи од другата страна на кратерот користеле двогледи за да видат дека Керол навистина „се лизнал во кратерот и бил во сериозна неволја“.

„Четворица водичи веднаш тргнаа и кога пристигнаа на местото на настанот, еден од нив се спушти 15 метри за да го спаси туристот во неволја“, рече Капели.

Тој исто така истакна дека Керол можел да падне од височина од 300 метри во кратерот.

На фотографијата објавена од Ламета на социјалните мрежи се гледа маж со модринки на нозете, рацете и грбот, како и крвави гребаници на лактите.

Ламета напишал дека човекот бил во несвест кога го пронашле водичите. Полицијата изјави за Си-Ен-Ен дека туристот бил лекуван, но одбил да оди во болница.

Речиси два милениуми по смртоносната ерупција во 79 година од нашата ера, која ги остави градовите Помпеја, Оплонтис и Стабија покриени со пепел, планината Везув останува една од најпопуларните туристички атракции во земјата.

Додека Везув е технички сè уште активен вулкан, последната ерупција се случи во 1944 година, оттогаш вулканот е неактивен. Највисоката точка на вулканот е околу 1.277 метри со кратер длабок 304 метри.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.