Xiaomi создаде телефон со „waterfall″ екран (ВИДЕО)

Објавено на 10 февруари, 2021 во 09:59

xiaomiwaterfall

10.02.2021

Компанијата Xiaomi направи нов концепт смартфон кој има т.н. waterfall, без никаков влез. Xiaomi е познат по пристапните и конкурентни паметни телефони на пазарот, но својата надмоќ ја покажува и со некои навистина амбициозни дизајни. Вниманието сега го привлече со т.н. waterfall екран, кој се продолжува низ сите четири рабови на телефонот.

Станува збор за концепт кој би можел да биде полн погодок сеха која флескбилните панели станаа вообичаени. Од Xiaomi наведуваат дела било голем предизвик да се произведе закривен панел поврзан со екранот под него и дека после илјадници обиди дошле до успешен резултат.

Новиот уред нема физички копчиња ниту влезови затоа што Xiaomi се базира на своите 46 патенти и алтернативи како што се сензори осетливи на притисок и флексибилна акустична технологија на екранот која го менува стандардниот звучник. Отстуството на USB-C влез значи и безжично полнење.

Експериментирањето на Xiaomi со различни решенија е јасен показател каков телефон се подготвува за во иднина. Веќе некое време се зборува и дека и Apple планира да ги исфрли сите влезови на идните телефони iPhone.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.