Нова студија: Луѓето со еден тип на алергија може да имаат помал ризик од зараза со ковид-19
Се чини дека луѓето со алергии имаат помали шанси да се заразат со вирусот SARS-CoV-2, наведува новата студија.
Алергиите на храна го намалуваат ризикот од ковид на половина?
Во истражувањето учествувале 4.000 луѓе и 1.400 домаќинства, а во секое барем едно лице било помладо од 21 година, а половина од испитаниците имале некаков вид на алергија. Тие биле тестирани секоја недела, а истражувањата потврдиле дека луѓето кои се алергични на храна имаат 50 отсто помали шанси да ја добијат оваа болест. Се разбира, не е јасно како алергиите на храна се поврзани со ова откритие, но можеби станува збор за тоа дека овие луѓе јадат дома почесто отколку во ресторани, што значи дека се помалку изложени. Но, тоа е само теорија.
Д-р Зајболд смета дека ова може да има некаква врска со ACE2 рецепторите, протеини кои се наоѓаат на некои клетки и нудат влез на вирусот во организмот. Тој забележал дека одредени воспаленија се вообичаени кај луѓето коишто имаат алергии, но и ги намалуваат нивотата на ACE2, што ќе го намали ризикот од зараза.
„Тоа ќе ги намали шансите вирусот да влезе во органимот и сега го проучуваме тоа“, додал тој.
Заштита сепак е потребна
Важно е да се додаде дека овие истражувања не велат дека не треба да бидете внимателни бидејќи сте целосно заштитени. Што значи дека не станува збор за целосна заштита и потребно е и понатаму да ги миете рацете и во некои ситуации да носите маска.
Д-р Басер верува дека резултатите од оваа студија не укажуваат на тоа дека луѓето со алергии на храна се целосно заштитени од ковид-19. Тој додава дека и тие како и сите други треба да се вакцинираат и да ги преземат другите заштитни мерки.
Д-р Сејболд, исто така, предупредува дека никој не треба да се откаже од вакцинацијата или да заборави на заштитата од вирусот поради резултатите од оваа студија. За најдобра заштита од оваа болест и понатаму Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) советува вакцинација.