Откриени огромни количества вода на Марс (Видео)
Марс има своја верзија на Големиот Кањон, а научниците открија дека оваа огромна клисура крие „значителни количества вода“, објави СиЕнЕн.
Откритието се должи на Марс Експрес, орбитер кој орбитира околу Марс, објави Европската вселенска агенција (ESA).
Имено, орбитерот „ЕгзоМарс трејс гас“, кој беше лансиран во 2016 година во заедничка мисија на ЕСА и руската вселенска агенција Роскосмос, откри вода во долината на Марс. Тоа е кањон 10 пати подолг, пет пати подлабок и 20 пати поширок од Големиот Кањон.
Откриената вода е под површината на системот на кањонот и е откриена со инструмент наречен ФРЕНД (Fine-Resolution Epithermal Neutron Detector). Овој инструмент го мери нивото на водород во првиот метар од површината на Марс.
Орбитер Марс Експрес
Она што е интересно е дека поголемиот дел од водата на Марс е во форма на мраз во поларните региони. Долината се наоѓа малку јужно од екваторот на планетата, каде што температурите обично не се доволно ниски за водата да остане замрзната во форма на мраз.
Откритието доаѓа од набљудувањата собрани од орбитерот помеѓу мај 2018 и февруари 2021 година. Пред тоа, орбитерот бараше вода под површината на Марс и таму најде само мали количини. Студијата со детали за новото откритие беше објавена во средата во научното списание.
„Со помош на орбитери можеме да провериме што се случува до еден метар под површината на Марс. Најважно е што можеме да лоцираме „оази“ богати со вода што не можевме да ги откриеме со претходните инструменти“, вели автор на студијата Игор Митрофанов водечки истражувач на неутронскиот телескоп ФРЕНД.
„Невообичаено голема количина на водород“
„ФРЕНД откри област со невообичаено голема количина на водород во огромниот систем на кањонот Валес Маринерис. Претпоставувајќи дека водородот што го гледаме е врзан за молекулите на водата, околу 40% од материјалот веднаш под површината изгледа дека е вода“, доаде тој.
Големината на областа најдобро се илустрира со фактот дека големината на кањонот Валес Маринерис е споредлива со големината на Холандија.
Инструментот ФРЕНД детектира неутрони за да го мапира процентот на водород во почвата на Марс.
„Можеме да кажеме колку вода има во земјата кога ќе ја погледнеме количината на неутрони што ги испушта“, вели коавторот на студијата Алексеј Малаков, научник од Институтот за вселенски истражувања при Руската академија на науките.
Имено, неутроните се создаваат кога честичките со висока енергија, попознати како галактички космички зраци, ќе стигнат до површината на Марс. Сувата почва испушта повеќе неутрони отколку влажна, објасни Малаков.
„Централниот дел од долината е полн со вода“
„Откривме дека централниот дел на долината Валес Маринерис е полн со вода. Тоа е многу повеќе вода отколку што очекувавме. Во тие региони, водениот мраз постојано се чува под сувата земја, бидејќи температурите се постојано ниски.
Поради уникатните способности на детекторот „ФРЕНД“, научниците успеаја да откријат вода која претходно била скриена. Тоа може да биде воден мраз или вода што се наоѓа во соединенија со минерали во почвата. Но, научниците веруваат дека присуството на мраз е поверојатно бидејќи минералите на локацијата содржат малку вода.
Во близина на екваторот на Марс, температурите се малку повисоки и затоа научниците веруваат дека постои специфична комбинација на услови кои овозможуваат не само постојано присуство на вода во областа, туку и нејзино обновување.
„Ова откритие е неверојатен прв чекор“
„Ова откритие е неверојатен прв чекор, но потребни се повеќе набљудувања за да се увериме во каква форма е водата што ја откривме“, рече Хакан Сведем, друг коавтор на студијата.
„Ова јасно ги демонстрира способностите на орбитирачките инструменти кои ни овозможуваат да „гледаме“ под површината на Марс. Тој откри голем резервоар со вода во овој регион на Марс, кој не е премногу длабок и може релативно лесно да се искористи“, рече Сведем.
Откритието во долината „Валес Маринерис“, пишува СиЕнЕН, фрла нова светлина врз регионот како интригантна локација за можни човечки мисии во годините што доаѓаат, особено во светлината на фактот дека откриената вода може да биде многу подостапна од претходно откриените извори на вода.
„Информациите за тоа каде се наоѓа водата на Марс се клучни за разбирање што се случило со водата што некогаш изобилувала на Марс, но исто така ни помагаат да најдеме локации погодни за живеење, можни знаци на живот што некогаш постоеле на Марс и органски материјали од минатото, рече Колин Вилсон, научник кој работи на проектот.