Почина познатиот актер Џејмс Кан

Објавено на 8 јули, 2022 во 09:56

Познатиот американски актер Џејмс Кан почина вчера на 82-годишна возраст.

Веста за смртта на Кан денеска ја соопшти неговото семејство.

„Со голема тага ве известуваме за смртта на Џејмс, која се случи на 6 јули. Семејството ја цени вашата љубов и искреното сочувство и бараме да продолжите да ја почитувате нашата приватност во овој тежок период“, се вели во соопштението објавено на Твитер профилот на Кан.

Џејмс Каан го освои Холивуд во 70-тите и 80-тите години.

Актерот е најпознат по улогата на Сони Корлеоне во познатиот филм „Кум“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.