Прстени, моќни детали за вечерен стил
Објавено на 13 декември, 2021 во 15:24
Многу брендови ги враќаат прстените како еден од практичните детали за стилизирање. Еден прстен може вашиот „обичен“ стил да го промени. Во продолжение неколку идеи за комбинација на прстени.
За дамите со едноставен стил, постојат прстени со неутрални тонови, засилени со одлични детали.
Најпрактичниот дизајн е инспириран од тркалезни мотиви, изберете креација која стилски одговара на аутфитот.
Прстенот со цветен мотив е одговорен за нотата на романса.
Златните детали го подигнуват секој аутфит, дури и оној со секојдневни фармерки.
Големите камења во различни бои секогаш ни одговараат, денес можат и лесно да се најдат, ги нудат многу продавници.
Оние коишто обожаваат накит, покрај прстен може да додадат и поголема колекција на нараквици.