Рецепт за леден пудинг, слатко освежување во топлите денови
Објавено на 19 јули, 2022 во 10:36
За време на топлите летни денови постојано сме во потрага по најдобриот начин за разладување. Ви го препорачуваме најслаткиот начин да го направите тоа.
Ако сте љубители на пудинг, тогаш ќе ви се допадне оваа ледена верзија
Состојки:
– пудинг
– шарени бонбони
– парчиња чоколадо
– чоколадни бисквити
– мали пластични чаши
Подготовка:
Пудингот сварете го по вкус според упатството и оставете го да се излади на собна температура.
На дното на пластичните чаши ставете неколку бонбони, издробете ги бисквитите, исечкајте го чоколадото, па додадете го и тоа.
Врз бонбоните, бисквитите и парчињата чоколадо прелијте го пудингот и ставете во замрзнувач неколку часа.