Направете сами балсам за усни
Објавено на 2 февруари, 2016 во 07:26
Студеното и ветровито време ги суши усните поради што кожата станува груба а често и болна. Неопходен е редовен пилинг но и нега со хранлив балсам кој ќе ја хидрира кожата и ќе ја направи мека и нежна.
За домашен балсам ви е потребно : Кокосово масло,пчелин восок,кокосов путер,екстракт ванила (лаванда или некои други растенија по ваш избор),сад за балсам.
Начин на подготовка: 2лажици кокосово масло,1 лажица восок од пчела,1 лажица путер од кокос ставете во сад и стопете на пареа. Мешајте се додека смесата не се изедначи. Додадете неколку капки екстракт од ванила поради мирис а балсамот по желба можете и да го обоите со боја за храна по ваш избор. Кога ќе се соедини смесата излејте ја во сад и оставете да се излади.