Убавината дали е предност?
Убавите згодни жени не се омилени на работните места кои се прогласени за “машки“, но згодните мажи не се дискриминирани никаде. Едно истражување во Колорадо, покажало дека женската убавина сепак не е секогаш во предност. Студијата објавена во ‘Journal of Social Psychology’ покажала дека женската привлечност во некои случаи и тоа како може да биде негативна.
Се работи за ситуации каде жените се натпреваруваат за работа која се смета дека е машка – како на пример директор на финансии пак инженер.
Мажите ги привлекуваат сите жени, така што убавината не е важна. Во еден од експериментите научниците им дале на испитаниците задача во која на различни занимања требале да доделат фотографија на луѓе кои би требале да ја вршат таа работа.
Фотографиите на убави жени биле доделени на професии како секретарка или рецепционерка, а ниту една на посериозните работни места.
За разлика од згодните жени, пак згодните мажи не се дискриминирани на овој начин и имаат предност пред останатите.