Се што треба да правите за цврсти нокти

Објавено: 12 февруари, 2016, во 07:44 часот

Кршливи,слаби и разлистени нокти се честа појава. За повторно да бидат силни и убави, потребно е повеќе внимание да посветите на нивната нега. Ви откриваме се што треба и не треба да правите за повторно да имате силни нокти.

Нега со маслиново масло – Неколку пати неделно ноктите натопете со маслиново масло на петнаесет минути. Потоа нежно масирајте ги ноктите и кожичката околу ноктите.

Заштитите ги рацете – Производите за чистење содржат состојки кои штетат на ноктите и кожата.Секогаш носете ракавици кога миете садови и чистите.

Внимавајте на исхраната – Вклучете производи богати со биотин кој допринесува за целокупното здравје и ги зајакнува ноктите. Јадете јајца,житарки и карфиол.

Пијте вода – Пиењето доволна количина на вода е важно за целокупното здравје па така и за ноктите. Ако вашиот организам е хидриран,ниту ноктите нема да бидат суви и кршливи.

Не ги користите ноктите како алат – Со ноктите немојте да стругате дамки,да отворате пакети или да стискате мозолчиња. Ако сакате да бидат здрави и убави научете да ги чувате ноктите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.