Кои вештачки трепки им одговараат на вашите очи
Вештачките трепки се совршен избор за свечени моменти или за луда забава, но ако не знаете кои најдобро ви стојат на обликот на очите, може да постигнете и спротивен ефект. За да ви помогнеме да ги изберете совршените трепки, направивме список на правила.
Мали очи
Тешките вештачки трепки можат визуелно уште повеќе да ги намалат вашите очи, затоа бирајте долги но поретки трепки или пак само неколку кратки трепки кои ќе ги прикачите на аголот од вашите природни трепки кон дополнително ќе направат мачкаст изглед на вашето око.
Округли очи
На оваа форма на очи супер прилегаат трепки кои се подолги на аглите од вашите очи.
Крупни очи
Густите и големи вештачки трепки ќе ги дефинираат вашите очи со тоа што ќе им дадат сензуален изглед.
Очи во форма на бадем
Вие сте вистинска среќница, зашто вам ви прилегаат сите модели на вештачки трепки. Дури можете да ги изберете и оние понови и стилизирани со пердув, перли и што ли уште не.