Благодетите на маслото од рицинус
Заради своите добри својства ,ова масло има голем удел кога станува збор за составот на козметичките производи.Навлажнувачките својства го прават идеален за нега на кожата и косата.Го поттикнува создавањето на колаген и ја намалува појавата на брчки.
Рицинусовото масло ги отстранува мозолчињата и акните ја чисти и навлажнува кожата. Го поттикнува растот на трепките,косата и веѓите. Редовната употреба на маслото исто така го поттикнува растот на ноктите ,спречува опаѓање на косата и го отстранува првутот.
Ова масло одлично ја отстранува шминката. Еве како да го подготвите средството за вадење на шминката спрема вашиот тип на кожа: Мрсна кожа– 30% рицинусово масло, 70% сончогледово масло.Нормална кожа – 20% рицинусово масло, 80% сончогледово масло. Сува кожа – 10% рицинусово масло, 90% маслиново масло.