Изберете лак за нокти според тенот
Многу жени бојата на лакот за нокти ја адаптира спрема бојата на облеката или едноставно се одлучува за неутрална нијанса која одгповара на сите прилики. Ако сакате да изберете лак кој најдобро ќе ви одговара бојата изберете ја на основа на вашиот тен.
Светол тен- Најдобро ќе ви одговараат светли нијанси на лак со сини и виолетови подтонови.Добар избор се и пстелни нијанси,розови и црвени.
Златен тен – Ако сте потемнети,топлите бои на лакови за нокти одлично ќе ви одговараат.Изберете посветли нијанси на кафеава,сина ,розова и виолетова боја.
Маслинест тен- На вас ќе ви одговараат речиси сите бои на лакови за нокти од црвени,преку бордо до сини и праска тонови.Металик лаковите исто така се одличен избор.
Изразено темен тен – Најдобро ќе одговараат темни бои како бургундец,виолетова или боја на слива.Избегнувајте премногу светли тонови и неонски лакови за нокти.