Масло од јојоба за нега на кожата и косата
Маслото од јојоба е општо познато и се користи за анти вопалителни својства како природен производ за лечење на разни состојби на косата и кожата.
Хидратација на тело и лице
Ако иамте мрсна кожа не морате да се грижите за мозолчињата бидејќи маслото од јојоба успева да го урамнотежи производството на себум во кожата. Можете само да го користите или можете да додадете и малку масло во својто лосион за тело за максимално дејство за навлажнување.
Отсртранување на шминка
Натопете памук во мала количина масло од јојоба и изчистете го лицето од маскарата,шминката за очи,руменилото и карминот. По осттранување на шминката користете влажна марамица за да го отстраните вишокот на масло од лицето.
Балсам за усни
Ако вашите усни се суви ,маслото од јојоба може да го реши овој проблем. Редовно користете мали количини на масло можете да направите чуда за своите испукани усни.
Третман за коса
Може да се користи за нега на сува коса. Додадете неколку капки во регенераторот. Втријте мала количина во дланката и ставете на краевите на влажаната коса пред сушење. На овој начин на косата и давате правилна заштита.