Многу лесно до полни усни
За усните да ви бидат пополни и посочни доволно е да следите неколку едноставни правила. Ако не сте задоволни со нивниот изглед можно е да прескокнувате неколку чекори во шминкањето или пак ги занемарувате советите кои можат да ви користат. Ви откриваме како да ги нагласите вашите усни.
Пред шминкањето задолжително направете пилинг за да ги отстраните мртвите клетки. Нанесете балсам и оставете го кожата да го впие. По десетина минути на усните нежно втиснете хартиено шамивче за да го отстраните вишокот од балсам.
За време на нанесувањето на течниот пудер задолжително нанесете го и на усните. Потоа со моливче во боја на карминот заоблете ги усните. Изберете кармин со сјај. Нанесете го карминот а потоа на усните нежно притиснете хартиено шамивче и преку него на усните со голема четка нанесете транспарентен пудер. Отстранете го шамивчето и нанесете уште еден слој кармин. На средината на долната усна нанесете малку проѕирен сјај.