Еве зошто често треба да се менува дезодорансот?
Различно се потиме поради стрес, топлина, или вежбање, а секој вид на потење има карактеристични хемиски својства. Поради тоа, мирисот од стрес е најнепријатен. Дерматолозите препорачуваат на секои шест месеци да се менува дезодорансот за телото да не се навикне на него и да престане да реагира на неговите својства.
Најдобро средство за спречување на непријатниот мирис под пазувите е дезодорансот во стик. Ако сте алергични, можете сами да направите од различни масла и екстракти со антибактериски дејства. Жолтите дамки на облеката се појавуваат како реакција на алуминиумот со потта, облеката или во прашокот за перење. Затоа, внимателно прочитајте ја декларацијата за да проверите дали оваа компонента се состои во дезодорансот кој ќе го купите.
Не претерувајте со употреба на антибактериски сапуни и купки, препорачуваат дерматолозите. Ако често ги миете деловите од телото кои имаат интензивен мирис на пот, сушењето на кожата може да предизвика поголема количина на пот. Специјални дезодоранси за мажи и жени се во суштина маркетинг трик, бидејќи состојки се исти, а единствената разлика е во пакувањето и мирисот.