Богатите Британки со нова метода ги подмладуваат и рацете
Објавено на 23 март, 2016 во 08:46
Сè повеќе жени на просечна возраст во Британија си прават “рачен лифтинг” – процедура за подмладување на кожата на рацете со помош на вбризгување на масти во горниот нејзин слој.
Анти Ејџ постапката претставува вметнување на масти под кожата во областа меѓу зглобовите и прстите. Така рацете изгледаат меки и свежи. Со староста кожата губи мускулна маса, со што се намалува обемот на нашите раце, а промената на хормоналните нивоа ја истенчуваат кожата.
Козметичкиот хирург д-р Дејвид Џек вели дека побарувачката за такви постапки во клиниката му се зголемила четирикратно во последните месеци. Постапката за подмладување на рацете чини околу 450 фунти во Велика Британија, а најчестите клиентки се богати жени на возраст меѓу 40 и 60 години.