Дали го проверувате рокот на траење на шминката ?
Кога последен пат сте го пребарале својот несесер со шминки и сте ги фрлиле старите производи? Не се сеќавате Тогаш е идеално време тоа да го направите…
Многу жени со тешко срце се разделуваат од производите во својата торбичка особено ако станува збор за врвни производи за кои многу платиле. Сигурни сме дека имате барем еден производ кој едноставно немате срце да го фрлите дали скапо сте го платиле или пак сте го добиле на подарок или сте го употребиле само еднаш. Иако вашата шминка со години ќе изгледа совршена за употреба немојте да дозволите сјајот,и бојата да ве измамат.
Бројни истражувања покажаа дека во шминката со текот на времето се развиваат бактерии кои на долго време можат да донесат повеќе штета отколку корист. Токму поради таа причина треба редовно да ја фрлате старата козметика. Стручњаците велат дека течните пудри и кармините можете да ги користите една година а руменилото,пудрите во прав и пудрите во камен и сенките и до дев години. Убедливо најкраток рок на траење има маскарата која би требало да ја фрлите после 3-4 месеци употреба.