Јагоди за црвенокосите

Објавено: 18 април, 2016, во 07:17 часот

Јагодите се едни од најздравите овошја бидејќи се богати со минерали и витамини,превкусни се кога станува збор за исхраната а денеска имаат широка примена и во козметиката.

Маската за лице од јагоди,пилинзи и лосиони се веќе одамна на пазарот за козметика дали станува збор за купување или домашни варијанти. Јагодата е една од најискористените билки во козметиката.

А,дали сте знаеле дека од јагоди може да се направи маска и за коса. Ова е особено добра маска за црвенокоси.Игмечете неколку јагоди и измешајте со два децилитри природен сок од јаболко. Маската оставете ја на косата 30 минути па измијте ја косата со благ,неутрален шампон.Ако косата ви е нешто потемна користете сок од боровинка.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.