Грешки поради кои косата побрзо се валка

Објавено: 19 април, 2016, во 08:53 часот

Проблемот на зачестено миење на косата ги мачи жените а ако мислите дека секојдневното миење е решение потполно сте во грешка.

Со премногу честото миење ја отстранувате природната маснотија поради што коренот почнува поинтензивно да произведува маснотија за да се надокнади нејзиното губење.

 

Миење – Најдобро е косата да ја миете два пати неделно. Користете шампон наменет за мрсна коса и користете го умерено.

Премногу топла вода – Топлината поттикнува маснотија па затоа косата мијте ја со млака вода. Исто е и со фенот.

Погрешна четка – Металните четки се лош избор бидејќи ќе ја разнесат маснотијата по целата коса. Изберете четки од природни материјали.

Обилно користење на регенератор- Доколку косата брзо ви се масти,избегнувајте нанесување на регенератор на коренот. Нанесувајте го од половината на должината на косата.

Претерување со маските и сличните препарати за нега не е препорачливо во случај на мрсна коса.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.