Креативни начини на бојадисување јајца
Полека се одбројуваат и последните денови пред најголемиот христијански празник Велигден, воскресението Господово, па веројатно сите семејства веќе размислуваат што да подготват за празничната трпеза, на која што пак неизоставен дел се фарбаните велигденски јајца.
Иако традицијата вели дека велигденското јајце треба да биде обоено во црвена темна боја, која што е симбол на Христовата крв, денес голем број на домаќинки практикуваат јајцата да ги украсуваат на најразлични начини, па се почесто, велигденските јајца претставуваат и своевидна уметничка креација.
Така, Велигден е празник на кој секоја жена може да ја покаже својата креативност и да го развие својот талент, па токму затоа, во продолжение погледнете неколку исклучително креативни и единствени идеи за тоа како да ги украсите велигденските јајца и на тој начин да ги израдувате и воодушевите вашите најблиски.