Велигденско украсување на домот и креации за вашата трпеза
Доаѓа Велигден и можете да му приредите на семејството убава празнична атмосфера со декорации во домот и на вашата трпеза.
Убаво декориран и шарен Велигден е вистински Велигден. Доколку сеуште не знаете како да ја украсите трпезата за овие велигденски празници, јас ќе ви предложам неколку едноставни и преубави Велигденски трпези, кои ќе бидат добредојдени за секој гостин на Велигденскиот ручек.
Најважно е да го направите велигденското дрво, кое ќе стои на вашата маса – трпеза, каде што ќе го послужите ручекот/вечерата. Ова дрво многу едноставно се прави, од неколку суви гранки, кои ќе ги поставите во вазна за цвеќе и на нив ќе закачите по неколку украсни велигденски јајца исто како на сликата подолу.
Потоа на трпезата во секоја чинија мора да имате држач за салфети во стилот на велигден, видете ја сликата подолу.
Исто така секоја дополнителна декорација на вашата трпеза мора да е складна со боите што ќе ги одберете. Тие мора да се прелеваат во слични нијанси, како примерот доле на сликите.