Како да се постигне и одржи волумен на вашата коса?
Бујна и луксузнa коса е сон на сите жени. Ако имате тенја коса, волумен е потешко да се постигне. Затоа ви откриваме она што треба и што не треба да правите ако сакате да постигнете и да одржите волумен во косата.
Задолжително користете шампон за волумен а регенератор нанесувајте само на врвовите. Користете спреј за волумен, кој ќе го нанесете на коренот на косата, масирајте со прсти, а потоа почнете да ја фенирате косата. Користете голема округла четка и повлекувајте ја нагоре, во спротивна насока од растењето на косата. Ако по завршувањето на фенирањето не сте задоволни од волуменот,прамен по прамен коса благо натапирајте и замазнете со четка за да ги прекриете неправилностите.
Да го задржи волуменот на вашата коса, не ја врзувајте ниту да ја допирате со прстите. Покрај тоа, не претерувајте со стајлинг производи, бидејќи го мрсат скалпот и токму маснотиите кои се генерирана на скалпот ја прават косата да изгледа како мрсна.