Виткана коса во само неколку чекори
Објавено на 19 мај, 2016 во 08:49
Се што ви е потребно е чиста коса и пегла за пеглање на коса. Добро е пеглата да биде тесна и заоблена бидејќи така полесно ќе ги направите вашите локни.
Доколку вашата коса не е погодна за виткање,ставете малку пена за коса. Добро е да ја заштитите косата со некое средство за заштита на коса од горење при пеглањето.
Косата со помош на штипки раздвојте ја во неколку делови. Локните почнете да ги правите од долниот дел на косата. Земете прамен со дебелина која сакате да бидат вашите локни,на коренот на праменот ставете ја пеглата и завртете 360 степени и лесно влечете надоле. Постапката повторете ја со сите прамени на тој слој и така со секој нареден слој на коса.
На крај косата испрскајте ја со лак за коса за да останат подолго вашите локни.