Чоколада за лице
Објавено на 2 јуни, 2016 во 07:35
Омилените десерти можат да ви го исчистат тенот! Прочитајте.
Чоколадото е одличен извор на антиоксиданси, и како такви одговара на кожата. Ако ви додеваат повремени мозолчиња или ако имате сува и уморна кожа, не заборавајте да ја пробајте оваа возбудлива чоколадна маска. За маската ви треба 50 грама темна чоколада и две лажици слатка павлака без маснотии. Се топи чоколадото во тава.
Кога ќе се стопи, полека се меша со слатката павлака. Кога ќе се добие компактна смеса се отстранува од шпоретот. Нека се излади малку смесата. Млака нанесете ја на вратот и градите и почекајте неколку минути да се исуши. Исплакнете со млака вода и нанесете хидратантен крем.