Диета со компири
„Со оваа диета би требало да симнете 2 кг за два – три дена. Пожелно е да не го лупите овошјето и зеленчукот и да користите интегрален леб.“
ДОРУЧЕК: 1 парче црн тост, намаз од сирење или кајмак, 2 патлиџани или 2 краставици
УЖИНА: свежи ротквици
РУЧЕК:
Салата од компири: 200 г. варен компир исечен на кругови, 100 г. патлиџан исечен на кругови – салатата се прелива со 4 лажици супа, 1 лажица јаболков оцет, малку сол и црн пипер по вкус
Чинија компир: 200 г. компир се лупи и сече на четвртини, се додаваат 2 млади кромитчиња исецкани на кругови и 1 лаж. масло.
Состојките се пржат во тава и се зачинуваат по желба.
УЖИНА: 1 изрендана јаболка, 150 мл полумасен јогурт
ВЕЧЕРА: 200 г. излупен компир исечен на парчиња, 1 лаж. масло. Компирот се пече во рерна 40 минути на 200 степени во плех обложен со хартија за печење.