Најдобри производи за вадење шминка
Шминката може да ја отстраните со помош на повеќе препарати и тоа:
Марамчиња за отстранување на шминка – ова е најлесниот и најбрзиот начин за вадење на шминката, погодни се особено во доцните вечерни часови кога немате сила и време да направите целосен третман. Марамчињата ја отстрануваат шминката но, не целосно и темелно, па така одреден слој на пудра и шминка останува на кожата .
Затоа, марамчињата се одлични за вадење на шминка кога сте премногу уморни или немате време, но никако за секојдневна употреба.
Млеко за вадење шминка – ова е еден од моите омилени препарати за вадење на шминка. Поради својата текстура, овој тип на производи се доста нежни со кожата и не само што темелно ја отстрануваат шминката од лицето, туку истовремено и ја негуваат кожата па таа е нежна и мека.
Гел за миење на лице – ова е производ кој е дел од секојдневната нега на лицето, па е одличен и како одстранувач на шминка.
Сепак, најдобро делува доколку шминката претходно ја имате симнато со некој препарат, а потоа остатоците темелно ќе ги отстраните со некој гел за миење на лице.
Мицеларна вода – ова е најновата иноваци во козметичкиот свет, со кој секојдневно може да ја симнувате шминката. Со помош на овој препарат темелно и брзо ќе ја отстраните шминката и притоа нема да ги иритирате очите.
Двофазно средство за вадење на шминка – овој тип на препарати со кои ја отстранувате шминката најчесто е наменет за вадење на шминка од очите, бидејќи маслата кои во себе ги содржат ваквите препарати ја негуваат областа околу очите која е доста нежна , а останатиот дел од лицето ќе го направат масно па потоа мора да употебите некој друг препарат,како тоник за лице или благ гел , со кои ќе ја отстраните дополнителната маснотија на лицето.
И секако, секогаш бирајте го препаратот кој најмногу ќе и одговара на Вашата кожа. Изберете го оној препарат кој ќе ја исчисти темелно, кој ќе ја негува добро и ќе и даде нежен изглед.