Морнарскиот стил и ригите се заштитен знак на лето 2016
Легендарната Коко Шанел во далечните 20-ти години на минатиот век се инспирирала од француските рибари.
Набљудувајќи ги во маиците со бели и сини риги, дошла до идејата дека тој моден момент фантастично ќе изгледа на жените.
Таа ја дизајнирала наједноставната верзија на маица со морнарски риги, а подоцна тие риги ги пренела и на панталоните, чевлите, торбите и другите модни додатоци.
Од тогаш па се до денес, ригите суверено владеат со модната сцена и најверојатно никогаш нема да излезат од мода.
Секоја сезона, особено летната, парчињата со морнарски риги се “must have“. Тие се повеќе од пријатни, тие се удобни и лежерни. Во нив се чувствуваме опуштено но истовремено секси, шик и тренди.
Ова лето можете да се одлучите за фустани со морнарски риги кои се совршен избор за прошетка преку ден, за дневно одење на кафе но и за на плажа.
Ако сакате за вечерно излегување да облечете фустан со морнарски риги, целиот изглед можете да го збогатите со штикли или сандали на платформа и некое парче впечатлив накит.
Освен фустанот, неизбежни се и памучните морнарски маици кои можете да ги комбинирате со фармерки, шорцеви, сукња и ќе добиете урбан изглед.
Ви предлагаме да испробате летна комбинација на кроп топ и килоти панталони. Може целата комбинација да биде на риги, а може и само едно парче, а се останато да биде еднобојно.
Оваа тренди комбинација надополнета со штикли ќе ги издолжи вашите нозе.
Исто така можете да се одлучите и за хеланки со риги кои можете да ги искомбинирате со провидна бела широка и лелеава туника.
Постојат безброј комбинации, вие одберете ја онаа која најмногу ви се допаѓа и која најдобро ви стои.
Извор: Дама.мк