Фенирање дома
Објавено на 18 јули, 2016 во 07:31
За да добиете совршена фризура доволен ви е препарат кој одговара на вашата коса,добра четка и малку умешност.
Оваа сезона патецот е во мода а се што ви треба да го направите е чешел со остри и густи запци. Косата треба да биде мокра но можете да користите гел или брилијантин за подобро и полесно да го дефинирате патецот.
Доколку сакате косата да ви биде целосно мазна,по миењето ставете регенератор наменет за измазнување на косата. Косата фенирајте ја со широка четка од природни влакна а потоа поминете со пегла низ неа.
Доколку сакате косата да ви биде виткана по миењето ставете на неа препарат за виткање. Потоа на косата ставете витлери. Која величина на витлери ќе изберете зависи од тоа какви кадрици сакате.