Намирници од кујната за убавина
Без разлика дали се разбирате или не во составот на продуктите кои ги купувате, оние кои ги имате во кујната имаат далеку подобро дејство од другите.
1. Маслиново масло – од сите намирници во кујната може да биде најкорисно. Ако имате сува кожа,ставете од маслото на памук и намачкајте ги најсувите делови, потоа ќе имате кожа мека како на бебе. Може да го користите како регенератор додека ја миете косата,или после сушење да ставите на врвовите (ги заменува силиконските капки).
2. Доколку имате акни или други иритации проследени со црвенило, капка мед ќе реши се. Исто така медот е одлична маска за вашата коса која што ја прави сјајна,здрава и хидратантна. Ако сте повнимателни, можете да ги намачкате усните со мед пред да легнете, а утредента ќе се изненадите од резултатите.
3. Јаболковиот оцет е најефтиниот пилинг,а и нема да има потреба да посетувате дерматолог.Се што треба е да натопите памук во јаболков оцет и да го премачкате лицето со него, но да внимавате на очите! Почекајте 30-45 минути, а потоа исплакнете го лицето и на крај намачкајте го со маслиново масло и чекајте да се впие.
4. Земете грст шеќер и нанесете го со помош на парче ткаенина додека се бањате. Резултатите се толку добри што ќе посакате и да го внесете во вашата купка.
5. Солта се користи за сува кожа, подобра опција е да биде морска сол, да се измеша со мед и да се нанесе на проблематичните делови. Велат дека малку пецкало, но ефектите биле изненадувачки добри. Исто така морскатa сол е добро да ставите во вашиот шампон, но не ако сте скоро фарбани, особено црвени.
6. Кафето може да го нанесете откако ќе се исуши во филџанот на вашите бутини или други места на кои имате целулит. Пoтoa истуширајте се. Исто така кафето делува добро на кафената коса. Наш предлог е да го измешате со регенераторот за коса.
7. Лимон – и сокот од лимон се најголемиот благослов кој може да го имате во кујната особено ако имате светли прамени или сакате да ја осветлите косата на природен начин. Измешајте лимон со сода бикарбона и со таа смеса исчеткајте ги забите за природна белина.