Како да ги носите макси фустаните?
Долгите фустани се за сите, без разлика дали сте висока или ниска. Можете да ги носите на најразлични начини, секој ден и верувајте успешно ќе ги привлечете погледите. Денес ви нудиме неколку идеи како да го комбинирате макси фустанот…
Патики и долг фустан се омилен комбинација на урбаните дами. Во оваа комбинација без проблем ќе се движите низ врелите летни улици. Она на што треба да внимавате е фустанот да не ви е премногу долг и да не се влече по земјата.
Високите потпетици од друга страна се идеални за сите дами кои сакаат да ја издолжат својата фигура.Штиклите можете да ги носите и во лежерни комбинации, но секако имајте на ум дека се предвидени за посвечени прилики.
Ако фустанот е еднобоен, а особено ако е едноставен и долг тогаш неопходно е да го освежите со соодветни детали. Дали тоа ќе биде гломазна нараквица, впечатливи обетки или долго ланче оставаме на вас.
Не заборавајте дека и ременот може да биде детаљ кој ќе го збогати целокупниот изглед. Тој ќе ви се најде ако фустанот е премногу долг за да го скрати. Одличен ефект ќе постигнете ако наметнете јакна на грб. Играјте си со принтови и дефинитивно нема да поминете незабележана.
Дури и кога е топло или сте на плажа не бегајте од долгите фустани. Материјалот секогаш нека биде лесен и лелеав, а најважно од се е да е пријатен.