Балетанки кои ќе бидат тренд
Кога модните куќи од типот на Miu Miu и Zara па се до Steve Madden лансираат нов модел на чевли, јасно е дека пред нас се појавува нов тренд. Како и до сега, август е месец кога се прикажуваат новите верзии на класичните балетанки кои ќе ги носиме во наредната сезона.
Иако балетанките ќе ја задржат својата препознатлива силуета, налик на култините балетанки на Audrey Hepburn, тие оваа сезона ни пристигнуваат во редизајниран облик, односно освежени со шик детали.
Едноставна но ефектна трака која се врзува околу зглобот на ногата, а која најчесто е направена од свила, неодоливо потсетува на класичните балетанки кои ги носеа балерините на сцена.
Овој модел на балетанки не само што е удобен, туку со нив ќе изгледате автентично. Во продолжение погледнете како изгледаат балетанките кои ќе ги носиме на есен…