Комбинизонот практично парче гардероба за лето
Она што е најдобро е дека ова парче не е резервирано само за опуштените прилики кога го облекувате на брзина со патики, рамни сандали или еспадрили, туку е идеален и за вечерни излегувања и свечените прилики. Комбинезонот го зема најдоброто од парчињата од кои е создаден (фустан и панталони).
Елеганцијата и женственоста му се од фустанот, а удобноста и лежерноста од панталоните.
Деталите како гол грб и деколте изгледаат на него многу пораскошно и поубаво отколку на фустаните.
Во елегантен комбинезон со високи потпетици едноставно не можете да поминете незабележително.
Комбинезонот е создаден за сите дами кои копнеат по оригиналност и кои сакаат да се издвојуваат од масата.
Има најразлични модели, широки или тесни, со набори во делот на колковите, со отворени или затворени деколтеа, цветни или на риги кои совршено стојат на секој облик на тело и импонираат на сечија фигура.
Без разлика дали сте тенка и висока или не, веруваме дека во големата разноликост на моделите ќе го најдете совршениот за вас во кој ќе се чувствувате во исто време пријатно и секси.