Домашен третман за густи веѓи
Објавено на 11 август, 2016 во 12:17
За да ја обновите регенерацијата на влакната доволен ви е еден домашен третман. Без скапи состојки и болни процедури.
Потребни ви се:
• Маслиново масло
• Парче лимон
Подготовка:
Ставете го парчето лимон во шолја и додадете 4-5 супени лажици маслиново масло. Покријте со чинија и оставете да отостои 5 дена.
Со добиената течност, секоја вечер премачкувајте ги веѓите.
Најдобро е да не го миете средството и да го оставите да делува во текот на ноќта. Постапката повторувајте ја 3-4 недели.
Првите резултати ќе ги забележите по само 10-тина дена.