Чоколадна маска против целулит
Оваа маска се користи како „body wrapping“, што значи пакување за тело. Тоа е постапка која ќе ви овозможи да се откажете од скапите СПА центри. Третманот можете да го направите дома без било каква опрема. Методот подразбира примена на маска или лосион на целото тело кое потоа треба да го замотате во пластична фолија особено нозете, струкот и стомакот. Оваа постапка ги отвора порите на кожата и ги апсорбира сите активни состојки. Како резултат на тоа кожата е флексибилна, длабоко нахранета и снабдена со кислород.
Освен тоа, пакувањето го намалува целулитот бидејќи го спречува застојот на лимфите во телото.
Ако сакате овој третман да има ефект, треба да ја повторувате постапката најмалку месец дена 1 до 2 пати неделно.
Пред третманот треба да направите пилинг. Потоа треба да се намачкате со маската и да се завиткате во фолија по правилен редослед стомак, колкови и задник.
Кога ќе се замотате во фолија покријте се со ќебе.
По 20 минути, одмотајте ја фолијата и истуширајте се.
Како да ја подготвите оваа мешавина која е одлична за сите ваши сетила.
Состојки:
• 3 лажици какао
• 2 лажици мелено кафе
• 1 лажица цимет
• 200 милилитри кисело млеко
Помешајте ги сите состојки во сад, а потоа нанесете ја маската не телото.