Маски против побелување на коса
За густа и сјајна коса конзумирајте храна богата со есенцијални и омега масни киселини, како маслиновото масло, авокадо и разни орашасти плодови.
Косата со годините станува сува, потенка, влакната поспоро растат и го губи својот сјај. За да се врати стариот сјај, двапати неделно користете маска на кои основните состојки се квалитетно масло и путер.
Од маслиново масло
Безживотната седа оса ќе го добие сјајо со маска базирана на маслиново масло и мед, која би требало да ја применувате по еднаш во седум дена. Измешајте еднакви количини масло и мед, смесата нанесете ја до коренот, над косата ставете пластична кеса и потоа и топол пешкир, а по 30 минути измијте ја косата со шампон. Истата постапка можете да ја примените и со сок од лимон, кој ќе го измешате со кокосово масло и втријте го во косата. Овој природен третман е подеднакво ефикасен за превенција на настанување на бели влакна и опаѓање на косата, како и враќањето на нејзиниот здрав изглед.
Црн бибер
Добро измешајте 1 грам црн бибер, половина лажица кисело млеко, половина лажица лимонов сок и бадемово масло. Нанесете ја смесата на косата и држете ја половина час. Правете го тоа двапати неделно. Тоа ќе ви помогне да ја вратите темната боја на косата и ќе спречите појавување на седи влакна.