Домашен серум за долги трепки и густи веѓи
Ширум светот дамите посакуваат долги трепки, а иако денес постојат и серуми кои делуваат за забрзување на растот на веѓите и трепките, поради високите цени многу се одлучуваат на добрата стара маскара и вештачките трепки. Ова е рецепт за домашен серум за растење на трепките кој го предлага Carly Bybel, една од најдобрите блогерки.
Потребни состојки: кокосово масло, рицинусово масло, масло од авокадо, пластично шишенце во кое ќе го истурите серумот.
Употреба: Во чистото шишенце налејте пола/пола рицинусово и кокосово масло и на врвот додадете малку масло од авокадо. Сето тоа добро промешајте го и вашиот серум е готов!
Внимание: Серумот нанесувајте го исклучиво на трепките и веѓите, никако во очите. Доколку почувствувате дека очите ве чешаат, итно измијте го серумот со многу вода и немојте повеќе да го користите! Серумот нанесувајте го само со чисти раце или со чисти четки.